HomeДЕНЕШНАЕкономијаОПЕК договори помало производство – Цените на нафтата ќе се качуваат

ОПЕК договори помало производство – Цените на нафтата ќе се качуваат

oil-world-map

На денешниот министерски состанок на ОПЕК во Виена постигнат е договор. 14-те членки на оваа организација се согласија да го намалат производството на нафта од 1,2 милиони барели дневно, со што би довело до зголемување на цените на овој енергенс. Денешниот договор ќе стапи во сила во јануари.

По 15 минути од објавувањето на оваа вест цените на нафтата во светот веднаш се кренаа за најмалку 8 проценти од едноставна причина што сите во очекување на повиоски цени во иднина сега купуваат повеќе сурова нафта додека цената и натаму е ниска самите креирајќи силна побарувачка.

 Дел од државите членки производители не се задоволни од договорот бидејќи ги гледаат своите тесни интереси, па така Индонезија реши да го напушти нафтениот картел, додека пак Иран вели дека нема намера да го намали производството на нафта бидејќи долги години беше под силно ембарго на Западот па сега мора да го надомести изгубеното време и да ја зајакне својата економија, но може да помогне на ОПЕК со други инструменти.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com