Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонОпасности кои се кријат во наивното споделување слушалки

Опасности кои се кријат во наивното споделување слушалки

Споделувањето на слушалките од смартфон со други луѓе, може да биде опасно за вашето здравје, открива професорката Кели Рејнолдс од Универзитетот Аризона. Човечкото уво содржи восок, мртви клетки од кожата и бактерии, а во таа прилика ги разменувате материите со другите.

„За време на дезинфекција на слушалките, прво отстранете ги остатоците од восокот, а потоа избришете ги со памук, кој претходно треба да го навлажните со средство за дезинфекција или алкохол“, вели Рејнолдс.

Освен тоа, честото користење на слушалки, кои претходно се користени од другите луѓе доведува до тоа ушите да ви станат подложни на различни инфекции. Значи, најдобар начин за спречување на инфекции и редовно чистење на слушалките и да не ги давате на други.

Извор: telefoni.mk