Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпасност од терористички напад во Македонија – Засилено обезбедување

Опасност од терористички напад во Македонија – Засилено обезбедување

Засилено полициско обезбедување за време на велигденските празници. Министерството за внатрешни работи е мобилизирано и се проверуваат верски објекти и други места на кои може да има многу луѓе и кои би можеле да бидат мета на терористилки напади.

„Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата“, се наведува во соопштението на МВР.

Предупредување за опасност од тероритички напад издаде и Американската амбасада во Скопје која ги советува своите граѓани во државава да бидат исклучително внимателни, да ги следат локалните медиуми, како и соопштенијата на Амбасадата.

„Амбасадата на САД во Скопје ги повикува своите граѓани кои живеат во Република Македонија да бидат особено претпазливи за време на претстојните верски празници на големи фестивали или настани. Терористи во регионот претходно имале обиди за напади на лесни цели, вклучувајќи и цркви или други религионзни места, шопинг центри, спортски арени, концертни сали и јавни собири“, се наведува во соопштението на Амабасадата на САД во земјава.

Во минатото амбасадата на САД ги предупредувала своите граѓани во земјава во услови на протести, избори, кумановските случувања од 2015 година. МВР, пак, издавала предупредувања за зголемено полициско обезбедувње и промена на сообраќајниот режим на поголеми празници кои се празнуваат на отворено, но никогаш до сега немало предупредување дека Македонија е таргет на ИСИЛ. Претходно, американската амбасада издаде вакво предупредување за граѓаните на Косово и Албанија.

Дали навистина постои закана за Македонија од тоа да биде мета на озлогласената Исламска држава или пак ова е обид да се дефокусира јавноста од големите политички проблеми со кои се соочува земјава?