Tuesday, May 23, 2017
HomeГИГА БАЈТПЦОпасен пропуст во Mozilla Firefox – веднаш ажурирајте го

Опасен пропуст во Mozilla Firefox – веднаш ажурирајте го

Веб прелистувачите се омилена мета за хакерите што трагаат по вашите лични податоци. Mozilla Firefox е сега таргетирана поради нејзиниот голем безбедносен пропуст. Официјалниот Mozilla блог за безбедност детално опишува за каков пропуст се работи и кои платформи се најзагрозени. Се препорачува надградба на Mozilla Firefox, кој има дупки во својот интегриран PDF прелистувач и JavaScript, со што им овозможува на злонамерниците да дојдат до доверливи датотеки, кои со злоупотреба на пропустот може да ги постават на север од Украина. Не треба да ве предупредуваме дека вашето корисничко име и податоците сигурно нема да ги искористат за доблесни цели.

Корисниците што работат на Mac компјутерите од Apple не се загрозени, затоа што пропустот е откриен кај Windows и Linux оперативните системи. Може да бидат компромитирани датотеки што ги користат понапредните кориснци. Така на пример на Windows преку пропустот ги скенираат FTP коннфигурациските датотеки и други во Firefox, кои содржат податоци за пристап и логирање на различни профили и сервиси.

Кај Linux е отприлика исто, мета се конфигурациските датотеки и директориуми од кориснички профили. Mozillа предупредува дека сите корисници може да ги избегнат проблемите само ако ја надградат својата Firefox верзија со 39.0.3, додека корисниците на Enterprise верзиите мора да ја преземат 38.1.1.

Извор: telefoni.mk