HomeДЕНЕШНАРепубликаОЈО започна истрага против вештак за примање мито

ОЈО започна истрага против вештак за примање мито

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно вешто лице со Лиценца за вршење на вештачења од областа на финансиското работење, информира Јавното обвинителство. Лицето се товари за поткуп.

– Вештото лице побарало и примило поткуп во износ од 3000 евра со цел при вештачење да прикаже десеткратно помал износ на прикриен данок – се вели во соопштението.

На осомничениот му е одредена забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

На ваквата одлука Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба, бидејќи нивниот предлог се однесува на мерка притвор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com