HomeДЕНЕШНАПолитикаОЈО поведе постапка против истражителот кој го следел Мијалков

ОЈО поведе постапка против истражителот кој го следел Мијалков

obvinitelstvo-1-715x400

Основното јавно обвинителство поведе постапка против истражителот А.Л. кој бил ангажиран од страна на Специјалното јавно обвинителство, а се сомничи дека неовластено го следел поранешниот началник на тајната полиција, Сашо Мијалков и дека се обидел да направи фотографии од местото каде живее, без судска наредба за посебни истражни мерки.

Од страна на службените лица било утврдено дека станува збор за А.Л. кој бил вработен во СЈО како истражител и  А.Е. од Берово, приватен детектив од детективска агенција „Детектив – објектив“ од Берово, која е во негова сопственост.

Лицето бегало и не сакало да се легитимира за постапките и овластувањата кои ги имало, соопштуваат од јавното обвинителство.

По интервенција на специјалната јавна обвинителк,  Катица Јанева подоцна истражителот е пуштен од полициската станица Центар. Истражителот дал изјава дека бил на работна задача и дека постапувал по наредба на Јанева.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com