HomeДЕНЕШНАСветЏонсон повика на протести пред руската амбасада во Лондон

Џонсон повика на протести пред руската амбасада во Лондон

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон повика на протести пред зградата на руската амбасада во Лондон поради бомбардирањето на Алепо во Сирија. „Сигурно дека би сакал да видам демонстрации пред руската амбасада“, изјави Џонсон за време на расправата околу бомбардирањето на Алеп во британскиот парламент, како и да „го покажат својот бес на руските напади на Алепо“.

Тој изјави дека противниците на војната не изразиле доволно гнев поради конфликтот во Алеп. „Каде е сега коалицијата стоп за војната? Каде се сега тие“, се запраша шефот на британската дипломатија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com