HomeДЕНЕШНАСветЏонсон: Не треба да се пролонгира процесот за излегување од ЕУ

Џонсон: Не треба да се пролонгира процесот за излегување од ЕУ

Процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ не треба да се пролонгира, иако до негово остварување има уште многу работи кои треба да се направат, оцени шефот на британската дипломатија Борис Џонсон. Борис Џонсон изјави дека постапката за излегување од ЕУ секако нема да биде започната пред Божиќ. „Мислам дека има уште многу работи кои треба да се направат за да се биде во ред, но после тоа, секако дека не би требало да се пролонгира тој процес“, изјави Џонсон.

Активирањето на членот 50 од Лисабонскиот договор е услов за почеток на преговори меѓу Лондон и ЕУ за излегување на Велика Британија од Унијата и нејзините идни односи со останатите членки, кои би требало да траат две години. Џонсон во четвртокот изјави дека преговорите околу излегување на Велика Британија би можеле да започнат на почетокот на 2017 година, додека портпаролот на премиерката Тереза Меј изјави дека членот 50 нема да биде активиран пред крајот на 2016 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com