HomeДЕНЕШНАСветЏон Кери се заканува со прекинување на контактот со Русија поради Алеп

Џон Кери се заканува со прекинување на контактот со Русија поради Алеп

Американскиот државен секретар Џон Кери се заканува дека ќе ги прекине сите контакти со Русија во врска со Сирија, доколку не се прекине руското и сириското бомбардирање на Алеп. Стејт Департмент објави дека Џон Кери тој ултиматум го изнел во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров. Портпаролот на Кери изјави дека американскиот државен секретар изразил сериозна загриженост поради нападите на руската и сириската влада на болниците, водоводот и други цивилни инфраструктурни објекти во Алеп.

Американскиот државен секретар му рекол на Лавров дека САД ја смета Русија за одговорна поради користење на запаливи и бомби за рушење на бункери во урбаните области. Кери му објаснил на Лавров дека САД е подготвен да ги „суспендира“ сите американско-руски билатерални ангажирања околу Сирија, вклучувајќи го и предложеното партнерство во борба против тероризмот, доколку Русија веднаш не преземе чекори за спречување на нападите на Алеп и да воспостави прекинување на нападите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com