Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОН ја завршија мисијата на Хаити

ОН ја завршија мисијата на Хаити

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одлучи во четврток да го заврши 13 годишното присуство на своите мировни сили на Хаити и да ги замени со помали полициски сили.

Едногласно усвоената резолуција на Советот предвидува завршување на мисијата МИНУСТАХ до 15 октомври.

Советот договори прогресивно повлекување на 2370 припадници на МИНУСТАХ во следните шест месеци.