Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОН бара нова истрага за хашките случаи

ОН бара нова истрага за хашките случаи

Обединетите нации бараат повторно отрворање на хашките случаи. Комитетот за тортура во последниот извештај порачува дека се потребни нови истраги за четирите хашки случаи и за случајот на шестемина исчезнати албански цивили , пишува весникот Вест.

Од комитетот препорачуваат и укажуваат дека, според меѓународното право, случаите на злосторства против цивилното население, на тортура и мачење не застаруваат и не може да подлежат на амнестија. Во извештајот на комитетот се предупредува дека не смее да поминат неказнето луѓе обвинети за кршење на човековите права за време на конфликтот во Македонија.

„Комитетот е сериозно загрижен дека изворното толкување на Законот за амнестија ќе обезбеди да поминат неказнето луѓе обвинети за кршење на човековите права што се случило за време на конфликтот во 2001 година, меѓу кои спаѓаат четири случаи изведени пред суд за сторените воени злосторства: водството на ОНА, мавровски работници, липковска брана и Непроштено, грабнувањето на 12 етнички Македонци и еден бугарски државјанин од ОНА и случаите на шестемина исчезнати припадници на албанска националност, за кои постои сомневање дека е одговорна полицијата”, се вели во последниот извештај за Македонија.