Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОмбудсман: Надлежните да преземат мерки против лицата политички ги инволвираат децата

Омбудсман: Надлежните да преземат мерки против лицата политички ги инволвираат децата

Народниот правобранител преку изрази сериозна загриженост за обидите за инвловирање на децата во протестите организирани во повеќе градови низ Македонија.

Тој ги осудува настапите на раководни лица во училиштата и ги повика училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки против лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците.

„Ваквите настапи се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието-училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес“, се вели во соопштението од Правобранителот.