HomeДЕНЕШНАПолитикаОмбдусманот ќе говори за мигрантите

Омбдусманот ќе говори за мигрантите

По напливот на голем број на мигранти кои се во лоша положба, а притоа се уште нема соодветно решение и од помоќните држави во Европа, денес во Скопје ќе се одржи работилници за справување со овој предизвик. Работилницата ќе ја одржат народниот правобранител Иџет Мемети, советник министерот и шеф на секцијата за политика, правда, внатрешни работи, информации и комуникации, заменик шеф на мисијата на Европската унија Роберт Лидел и амбасадорот на Австрија, Томас Мајкл Бајер.

Целта на работилницата е да се претстават можностите за институционален третман на мигрантите, почитување на човековите права, спречување на злоупотреби како и разгледување на можностите за интервенција. Работилницата е во рамките на Твининг проектот насловен како „Промоција на надлежностите на народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети“

Со свои ставови ќе учествуваат и претставници од канцеларијата на австрискиот омбудсман борд, од СПТ , УНХЦР, како и претставници од министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com