Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОливер Андонов назначен за директор на ЈП „Јасен“

Оливер Андонов назначен за директор на ЈП „Јасен“

Професорот по безбедност Оливер Андонов, кој важи за човек од доверба на ВМРО-ДПМНЕ е именуван за директор на ЈП „Јасен“,објави Плусинфо.

Според информациите, тој сè уште не е седнат на директорската функција, а неговото пристигнување и првиот состанок со колективот се очекува да се случи деновиве.

Назначувањето на Андонов се случува во период кога шумскиот резерват и воено инфраструктурните објекти кои се таму беа спомнати од неделникот „Фокус“ како место од каде ќе се командува со апсење на „пучистите“ по прогласување на вонредна состојба.Тој е познат по тоа што беше министер за внатрешни работи само еден ден.