Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОлимписките игри во Рио во опасност од загадената вода

Олимписките игри во Рио во опасност од загадената вода

Олимпискиот комитет ќе има големи проблеми да ги убеди спортистите дека натпреварите на Летните Олимписки игри во Рио Дежанеиро во 2016 ќе бидат безбедни поради високото ниво на загаденост на водите што најмногу ќе ги погоди кајакарите и веслачите.

rio 2016 kamp

Според новите анализи водата на олимписките арени е премногу загадена со фекалии и воопшто не е безбедна за спортистите бидејќи може да дојде до ширење на зарази и болести. Мерењата се направени од независна агенција по иницијатива на Associated Press и се спротивни на анализите на Бразилскиот олимписки комитет од каде уверуваа дека се е во ред.

Затоа ќе се зголеми притисокот врз организаторот да превземе мерки за справување со канализицијата и протекот на фекална вода, но времето е премногу кратко. Исто така не постои можност за одземање на кандидатурата па единствен избор на спортистите ќе биде да го бојкотираат натпреварувањето или да ризикуваат.