HomeДЕНЕШНАПолитикаЈолевски откри кога ќе почне со работа новата фабрика за оружје

Јолевски откри кога ќе почне со работа новата фабрика за оружје

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во интервју за ТВ Нова откри нови детали за започнување на работа со нова фабрика за произдовство на муниција и оружје која подолг период е ветувана од власта.

„Фабриката ќе започне со работа во јули следната година. Во првата фаза од работењето ќе се произведува муниција, а неколку месеци подоцна и повеќе видови на оружје. Оваа фабрика ќе биде направена целосно според стандардите на НАТО“, истакна Јолевски.

Јолевски потврди дека зад инвестицијата ќе стои компанија од САД.

„Се работи за американски инвеститор. Мошне значајно е да се напомене дека производството од фабриката ќе биде наменето целосно за извоз во земјите членки на НАТО алијансата“, соопшти Јолевски и додаде дека инвеститорот понатаму ќе инвестира и во други видови производство во Република Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com