Tuesday, Jul 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаОлдтајмери го фасцинираа Кавадарци

Олдтајмери го фасцинираа Кавадарци

Триесет колекционери од повеќе градови од Македонија денеска на изложбата на олдтајмери во Кавадарци ги претставија своите автомобили, пишува МИА.

Главниот организатор на манифестацијата кавадарчанецот Мите Ташев истакна дека е задоволен од одѕивот на изложбата што ја организира веќе четврта година.

Годинава, како што рече, времето не ни е сојузник, но денеска имаме голема посета.
– Ова е показател дека олдтајмерите кај нас се омилени и за нив се обрнува големо внимание за да бидат речиси нови и во возна состојба. Оваа голема посета зборува дека луѓето се интересираат какви биле некогаш љубимците на четири тркала. Овие возила од пред 30 и повеќе години и сега можат да се вклучат во сообраќајот што ги прави достојни за сите времиња, рече Ташев.