HomeДЕНЕШНАСветОланд: Неопходно е да продолжи дијалогот со Русија

Оланд: Неопходно е да продолжи дијалогот со Русија

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека и покрај големите несогласувања со Москва кога станува збор за Сирија, од витално значење е да се продолжи дијалогот со Русија, но дека нема смисла да се разговара доколку разговорите не се „искрени и цврсти“. „Франција има големи разлики со Русија во врска со Сирија, а руското вето на француската резолуција во Советот за безбедност го спречи продолжувањето на бомбардирањата и оневозможи примирје“, изјави Оланд.

„Сметам дека е неопходно да имаме дијалог со Русија, но тој мора да биде цврст и искрен или тој ќе нема никаква цел. Јас сум подготвен да се сретнам со претседателот Владимир Путин доколку тој разговор може да донесе напредок кога станува збор за мирот“, изјави Оланд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com