Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОКТА со мобилна лабараторија ќе гарантира квалитет на горивата

ОКТА со мобилна лабараторија ќе гарантира квалитет на горивата

ОКТА со новата мобилна лабораторија ќе врши тестирање на квалитетот и количината на горивата на сите бензиски станици со што на корисниците ќе им се гарантира најдоброто. Програмата гаранција ќе се спроведува во континуитет на сите бензински станици кои го носат брендот на ОКТА.

OKTA Programa Garancija (6)

„Ние сме единствената компанија којашто спроведува тројна контрола на горивото. Првата контрола е во рафинеријата каде горивото се товари, втората се врши по пристигнувањето на горивото во ОКТА, а третата контрола се спроведува пред горивото да биде доставено на пазарот. Програмата Гаранција значи воведување на нова – четврта контрола која ќе се одвива на самите бензински станици. Со оваа програма ќе ги увериме потрошувачите дека кај нас секогаш добиваат соодветна количина и највисок квалитет. Ќе покажеме дека на нашите бензински станици  купувачите можат да се чувствуваат сигурни во секој литар. Програмата е веќе широко распространета воповеќето компании дел на Хеленик Петролеум Групацијата и наиде на одличен прием кај потрошувачите. Кај нас оваа програма ќе се спроведува со помош на практиканти-студенти на Машинскиот Факултет“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

OKTA Programa Garancija (4)

 

Програмата Гаранција на ОКТА за проверка на автоматите за точење гориво започнува денес и е изработена во соработка со  Машинскиот Факултет од Скопје.

„Оваа акција на ОКТА ја поздравуваме со оглед дека претставува процес на постојано подобрување на перформансите на компанијата во насока на обезбедување постојан квалитет на горивата, а што сметаме дека е неопходно од аспект на одржување на возилата, како и од аспект на заштита на животната средина, изјавија од Машински факултет Скопје.

OKTA Programa Garancija (5)

Проверените автомати за полнење на горива ќе бидат обележани со контролна лента за гарантирана количина на која ќе пишува „Проверено. Анализите на квалитетот на горивата ќе се вршат во акредитирана лабораторија исекоја бензинска станица што ќе го помине успешно тестирањето ќе добие сертификат за извршената проверка.