Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Окта“ ја запира испораката на горива за „Макпертол“

„Окта“ ја запира испораката на горива за „Макпертол“

Поради блокираните сметки скопската компанија „Окта“ одлучи да не доставува нафта до „Макпетрол“, јавува телевизијата „Алсат“ од свои извори во раководството на компанијата. Според „Алсат“, Макпетрол располага со залихи на своите бензиски пумпи за уште два дена.

Сметките на „Макпетрол“ беа замрзнати по отпочната истрага против повеќе лица во раководството на „Макпетрол“, меѓу кои и претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски, како и вработени во Централниот регистер и централниот Депозитар на хартии од вредност. Полицијата ги сомничи дека учествувале во незаконско прелевање на капитал од АД „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“. Искористувајќи ја службената положба според МВР осомничените им нанеле штета на акционерите од 6 милиони евра.

Со ова се отвора можноста да завладее голема енергетска криза во Македонија. Училишта, болници, аеродроми, енергетски капацитети ќе останат без неопходните енергенси, доколку ваквата состојба потрае.