HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ се повлече од турнирот во Пекинг поради повреда на лактот

Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Пекинг поради повреда на лактот

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ поради повреда на лактот сепак нема да учествува на турнирот во Пекинг, соопштија организаторите на турнирот. „Многу сум тажен што оваа година нема да можам да се натпреварувам на отвореното првенство во Кина. Се опоравувам и понатаму од повредата на лактот и советувано ми е да не играм додека состојбата не се повторно доволно да можам повторно да играм. Ќе ја продолжам моето закрепнување и се надевам дека ќе можам да се вратам на турнирите што е можно побргу“, порача Новак.

Тој четири пати по ред го освои турнирот во Пекинг, а овој турнир го освојуваше вкупно шест пати, со одличен учинок од 29 средби без пораз. „Кинескиот опен е еден од моите омилени турнири. Постигнав многу успеси овде, освоив шест титули. Сакам да се натпреварувам пред страствените кинески навивачи и се радувам на идните настапи во Пекинг“, изјави Ѓоковиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com