HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ: Мареј заслужува да биде прв

Ѓоковиќ: Мареј заслужува да биде прв

okovikj

„Доколку Енди Мареј се искачи на врвот на светската листа, значи го заслужил тоа. Со овие зборови актуелниот лидер на листата“, Новак Ѓоковиќ ги прокоментира можните промени во рангот. Вчера Србинот отпадна во 1/4-финалето на „Мастерс“ турнирот во Париз против Марин Чилиќ и така ја олесни задачата на Шкотланѓанецот, кој треба само да стигне до финалето во француската престолнина. Според Ноле начинот на кој Мареј ја подобрил играта во последните 12 месеци, е импресивен.

„Енди заслужува огромна почит за она што го направи во изминатата година“, рече 29-годишниот Ѓоковиќ, кој се среќава на теренот со Британецот, кога двајцата се на возраст од 11 години. „Можам да кажам само дека Енди целосно заслужено е во оваа позиција“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com