HomeДЕНЕШНАЕкономијаОколу 380 приватни компании останаа без проценка на штетите од поплавите

Околу 380 приватни компании останаа без проценка на штетите од поплавите

poplavi-skopje

Повеќе од три месеци никој не дошол да ги евидентира штетите на над 380 приватни компании кои беа зафатени од полавите на 6-ти август – обвнуваат сопствениците. Според Зија Зеќири, неговата компанија претрпела штета во висина од 49 милиони денари.

“Пративме барање до Управата за Јавни Приходи, Владата, Министерството за финансии и до сите други институции кои што мислиме дека се релевантни и компетентни, но немаме одговор. Засега оштетената стока ќе стои вака, но еден ден ќе мора да ја тргнеме од овој магацин бидејќи сме под кирија која треба да ја плаќаме “ – објаснува Зеќири во изјава за ТВ 21.

Зеќири вели дека неговата роба не била осигурана, затоа што е увезена и за тоа има платено данок и царина. Тој бара платениот данок да му се врати, бидејќи робата не може да ја продаде.

Стопанската Комора на Северозападна Македонија побара од Владата да изнајде решение за компаниите кои беа опфатени од поплавите.

“Нашите барања овие компании, овие штети да се третираат од Владата исто како што се третирани домаќинствата, реално не се прифатени. Стопанската Комора на Северозападна Македонија побара конкретни мерки од Владата. Баравме административни мерки, мерки за даночно олеснување и мерки за закрепнување, но до ден денес не сме добиле никаков одговор од Владата. Сопствениците на компаниите сами направиле проценка на штета, имаат соодветна документација за претрпените штети, но немаат институционална поддршка“ – изјави Милаим Амети.

Според него, Стопанската Комора на Северозападна Македонија не отстапува од нивните барања за обесштетување на овие компании, затоа што претрпеле големи штети. За ова тие ги информирале и другите институции и меѓународни организации за да им се помогне на овие компании со цел да го продолжат нивниот бизнис.

Од Владината комисија за проценка на штетите изјавија дека во нивна надлежност биле само проценките на штетите што ги претрпеле домаќинствата, но не и компаниите. Одговор нема ниту од Бирото за судско вештачење кое според владината комисија е компетентно за проценка на штети кај компаниите.

Според Стопанската Комора на Северозападна Македонија над 380 компании претрпеле штети во поплавите во август, а вредноста на уништената роба изнесува над 15 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com