Thursday, Mar 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаОколу 300 пријави во ЦУК за штети од земјотресот

Околу 300 пријави во ЦУК за штети од земјотресот

zemjotres-steti

Околу 300 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион се регистрирани досега во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пријавите, како што информираат од ЦУК, во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорски окна.

Штети како последица од земјотресот вчера се пријавени и во СВР Скопје, за оштетувања на повеќе патнички моторни возила, паднати плафони, искршени прозорски стакла на ОУ „Димитар Беровски“ во населбата „Ѓорче Петров“, во Институтот за македонски јазик, во објектот на МРТ, повеќе приватни куќи во село Батинци, Драчево, Гази Баба, Бит Пазар, Центар, а пријавено е и дека е паднат оџак од зграда во населба Железара.

Во ЦУК може да се пријават штети на отворениот телефон 195 или пак на меилот на ЦУК: mail@cuk.gov.mk.

Согласно препораките од вчерашниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи, екипи на ИЗИС и на скопските општини веќе вршат увид на првично пријавените штети.