Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионОколу 270 нови бегалци и мигранти пристигнале викендов во Грција

Околу 270 нови бегалци и мигранти пристигнале викендов во Грција

Во текот на изминатите 48 часа на грчките острови пристигнале 269 нови мигранти и бегалци.

На Лезбос се пријавени 84 нови лица, на Хиос 103 и на Самос 82 нови бегалци и мигранти.

Грчката полиција соопшти дека бројот на бегалци и мигранти кои бараат азил во Грција, а се заглавени на Лезбос достигна 5.159 лица, на Хиос се 3.596 и на Самос 1.095 бегалци и мигранти.