Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОколу 20.000 патници блокирани поради штрајк на шведските пилоти

Околу 20.000 патници блокирани поради штрајк на шведските пилоти

Авиокомпанијата „Скандинавијан ерлајнс“ (САС) денеска откажа речиси 160 летови поради штрајкот на своите шведски пилоти по спорот околу зголемувањето на платите, соопшти превозникот. Ова е втор ден од штрајкот на пилотите, а од тоа се засегнати околу 20.000 патници.

Летовите со кои управуваат дански и норвешки пилоти не се откажани, се наведува во соопштението на САС, со седиште во Стокхолм. Синдикатот на шведските пилоти бара зголемување на платите за 3,5 отсто, а компанијата им понудила 2,2 процента. Потпретседателката на САС, Карин Ниман нагласи дека двете страни „за жал не успеале да се договорат“.

Авиокомпанијата, која е најголема на подрачјето на Скандинавија, е во делумна сопственост на владите на Шведска, Данска и Норвешка.