HomeДЕНЕШНАСветОколу 1.400 мигранти спасени од Средоземното море

Околу 1.400 мигранти спасени од Средоземното море

100595776-3-650x310

Шест од седумте пловила биле гумени чамци, изјави припадник на италијанската крајбрежна стража, која ги координирала спасувачките операции.

Само во еден од чамците, чии патници биле спасени од брод со кој управувале припадници на хуманитарната организација „Лекари без граници“, се наоѓале околу 800 лица, вклучувајќи и речиси дваесетина деца, наведе организацијата.

Од почетокот на ноември речиси 5.400 мигранти се пристигнати во Италија, што е драстично зголемување во однос на 3.200 во текот на целиот ноември минатата година, потсетуваат француските медиуми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com