HomeДЕНЕШНАСветОколу 1.400 мигранти спасени од Средоземното море, осум починати

Околу 1.400 мигранти спасени од Средоземното море, осум починати

migranti-italija-t

Во Средоземното море биле спасени околу 1.400 мигранти кои во 11 пренатрупани чамци се обиделе да стигнат од Либија до Европа, соопштила италијанската крајбрежна стража. Спасителите, меѓутоа, пронашле тела на осум лица. Бродот на крајбрежната стража „Дакоти“ извлекол седум тела од гумениот чамец, додека „Топаз“, брод на хуманитарната организација МОАС, извлекол тело на едно лице од другиот гумен чамец.

Се проценува дека оваа година 4.655 лица страдале во Средоземното море, што е за 1.000 повеќе во однос на цела 2015 година, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција. Повеќе од 168.000 мигранти во чамци успеале да стигнат оваа година до Италија, додека во текот на цела 2015 година тој број изнесувал 154.000, а во 2014 година 170.000.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com