HomeДЕНЕШНАРегионОколу 100 лјади луѓе на комеморацијата во Вуковар

Околу 100 лјади луѓе на комеморацијата во Вуковар

vukovar-2016

Организаторите на комеморацијата, со која вчера беше одбележана 25-годишнината од падот на Вуковар, изјавија дека во овој град пристигнале околу 100.000 луѓе од сите делови на Хрватска и на Босна и Херцеговина, а дел од нив дошле од странство, од хрватските заедници во САД и во Австралија – пренесува BalcanInsight.

Покрај огромните човечки и материјални загуби, Вуковар претрпе и демографски промени, по тримесечната опсада која на 18 ноември 1991 година заврши со пораз на хрватската страна, по што целото несрпско население беше протерано од градот. Неговото население драматично се намали, од над 44.000 жители во 1991 година пред војната, на околу 27.000, според пописот од 2011 година.

Во Вуковар во 1991 година беа вработени повеќе луѓе – околу 29.000 – отколку што денес овој град има население. Локалните власти велат дека вистинскиот број на оние кои живеат во градот во текот на целата година, е дури и помал.

Повеќе од 3.000 војници и цивили биле убиени за време и по опсадата, 86 од нив биле деца.

Откако присутните граѓани се собраа во дворот на болницата во градот, почнаа да пристигнуваат и владините претставници. Премиерот Андреј Пленковиќ на присутните им изјави дека годишнината е можност да се сетат на сите оние кои ги загубиле животите за „слободна, модерна Хрватска“.

„Секогаш да се сеќаваме на нивната жртва и ова единство на Хрватска, што го гледаме во Вуковар, да биде поттик за делување во иднина“, рече Пленковиќ.

„Во соработка со градоначалникот (Божо Галиќ), ќе се обидеме годините што следат да ги искористиме за економска и социјална благосостојба на сите жители на Вуковар, во европски дух, во духот на толеранцијата и со сеќавање и почит кон жртвите на Вуковар“, рече Пленковиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com