Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОЈО бара психијатриско лекување за убиецот на кумановскиот полицаец

ОЈО бара психијатриско лекување за убиецот на кумановскиот полицаец

Основното јавно обвинителство – Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по Наредба на надлежен јавен обвинител ги подготви ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје.

„Согледувајќи ги наодите и мислењето кои укажуваат на непресметливост на лицето, јавниот обвинител до Основниот суд – Куманово достави Предлог за определување на мерка – Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“, се вели во денешното соопштение на Јавното обвинителство.

Настанот се случи во јули годинава кога при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили. Пријавениот за семејно насилство нападна четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел фатален убод со нож во пределот на грбот. Поради сериозноста на повредата полицаецот почина, а напаѓачот – лице кое претходно повеќе пати било хоспитализирано за психијатриско лекување, беше притворен.

-Истрагата за овој кривично правен настан продолжува во насока на утврдување на евентуална одговорност на други лица, нагласуваат од Обвинителството.