Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОЈО бара притвор за напаѓачот на Тодоров

ОЈО бара притвор за напаѓачот на Тодоров

Основното јавно обвинителство покрена истражна постапка и побара притвор велешанецот Љупчо Стојановски кој вчера со возушен пиштол пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

„Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа убиство од член 123 во врска со член 19 и со Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за определување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување“, се вели во соопштението.

Стојановски, кој е дедо на малата Тамара Димовска која почина додека Фондот за здравство го одобри нејзиното лекување во странство, е однесен во Кривичниот суд, каде судија на претходна постапка кој треба да одлучува по барањето за притвор.

Нападот на Тодоров, кој не е повреден следеше еден ден откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија го злоупотреби случајот со малата Тамара собирање политички поени и да ја нападне предложената влада на СДСМ.