Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОхриѓани ќе добијат нова пешачка патека

Охриѓани ќе добијат нова пешачка патека

Охрид ќе биде збогатен за уште една нова пешачка зона. Патеката кај каналот Студенчишта е веќе подготвена за реконструктивни активности кои треба да започнат многу скоро.

од Општина информираат дека се чисти теренот, се чисти и се обележува трасата по која што ќе се движи патеката по што ќе започнат градежните активности.

pateka ohrid 2Реконструкцијата се однесува на првиот и вториот дел од патеката. Третиот дел од патеката ќе ги содржи истите инфраструктурни компоненти кои веќе се изградени во вториот дел, се планираат да се опфатат 210 метри должина, а широчината на патеката ќе биде 12 метри.

Целокупниот простор ќе биде соодветно инфратсуктурно уреден и поплочен со гранитни плочки (исто како во вториот дел).Во подоцниот дел од изградбата ќе биде поставено и соодветно модерно јавно осветлување.