Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОР,,Охридско лето" вечерва приредува изложба концерт и претстава

,,Охридско лето" вечерва приредува изложба концерт и претстава

Продолжува сестраната програма на 55 издание на фестивалот ,,Охридско лето”. Вечерва во катедрачната црква ,,Света Софија” во стандардниот фестивалски термин од 21 часот концерт ќе одржи  Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентската палка на Летка Димовска-Полизова.

ohridsko leto

Вечерва ќе бидат испочитувани и љубителите на ликовната уметност Тематската поставка „Колажна приказна“ на Илина Арсова  е нејзиното најново ликовно излагање,  низ кое авторката преку серија колажи и слики уште еднаш го покажува својот емотивен спој на природата и уметноста. Колажите се создавани во последните две години од разни отпадни материјали што најчесто ги преплавуваат нашите подруми и тавани. Таа буквално го претвора целиот свој личен отпад во слика, користејќи го постоечките бои и текстури на текстил, пластика и хартија врз која дава свој потпис преку интервенција со боја и цртеж..

За почитувачите на театарската уметност ќе се погрижат актерите од Охридскиот театар со премиерата на најпознатото дело на Харолд Пинтер „Стари времиња“ во режија на Нела Витошевиќ