Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОхридско лето со перформанси од светски уметници оваа година

Охридско лето со перформанси од светски уметници оваа година

Една од најдобрите културни манифестации во Македонија, фестивалот Охридско лето оваа година на посетителите ќе им понуди врвни театраски и сценски доживувања. И онака веќе богатата програма, оваа година ќе биде надополнета со содржини од најразлични уметнички остварувања, џез викенди, балетски перформанси и концерти на светски уметници. Новиот директор Оливер Арсовски најави и одредени настапи на црковни хорови за време на верските празници,концерти за новогодишната ноќ и други манифестации кога градот е исполнет со туристи.