Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПродавале алкохол на малолетници и дозволувале пушење и си заработиле прекршочни пријави

Продавале алкохол на малолетници и дозволувале пушење и си заработиле прекршочни пријави

Во угостителски објект во Охрид на улицата „Јане Сандански“ е затекнат малолетник што консумирал алкохол, а во друг објект пак имало малолетни лица по 24 часот. Во Охрид и во Струга сопственици на угостителски објекти од тие градови заработија прекршочни пријави поради тоа што им продавале алкохолни-жестоки пијалоци на малоленти лица, а воедно им дозволувале на гостите да пушат во објектите и им дозволиле влез на лица под 18 години и по 24 часот.

Полицијата заедно со Управата за јавни приходи и со Државната пазарна инспекција овој викенд спроведе акција во угостителски објекти во Охрид и во Струга. Со акциските контроли биле опфатени дваесеттина кафе-барови и ноќни клубови, со цел да се провери дали угостителските објекти ги почитуваат одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од пушење, Законот за угостителска дејност, Законот за туристичка дејност, како и по други законски основи од Кривичниот законик.

Во еден угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ во Охрид затекнат е малолетник кој консумирал алкохолен пијалак. По овластување на јавниот обвинител, шишето со пијалак е фотографирано и подигнато за вештачење на течноста во него.

Во угостителски објект на улиците „Димитар Влахов“ во Охрид и „Пабло Неруда“ во Струга, констатирани се прекршоци односно овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објект по 24 часот. Во неколку други угостителски објекти регистрирани се прекршоци во однос на Законот за заштита од пушењето.