Sunday, Feb 23, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаОхридска болница: Тврдењата на Шахпаска се лага, немаше дефект на санитетските возила

Охридска болница: Тврдењата на Шахпаска се лага, немаше дефект на санитетските возила

vozila-itna-pomos-860x680

Транспортот на новороденчиња, итната медицинска помош при Здравствениот дом Охрид го врши со санитетски возила кои ги исполнуваат сите светските и европски стандарди, во кои, меѓу другото, спаѓаат и приклучоци за инкубатор и друга медицинска опрема, стои во демантот на охридската болница на наводите од вчерашната прес-конференција на пратеничката во Собранието и претседател на комисијата за здравство на СДСМ, Јагода Шахпаска.

„Со такви возила, на 11 март и и на 17 март 2017 година извршени се два транспорта на новороденчиња од Општа болница Охрид до Универзитетската клиника за неонатологија во Скопје. И двете новороденчиња пристигнаа во Скопје во најкраток можен рок, безбедно и сигурно и без никаков дефект на санитетските возила или какво било друго задржување по пат. Наводите за дефект на некое од санитетските возилата на итната медицинска помош, наведени во прес-конференцијата на госпоѓа Шахпаска се ноторна лага и дезинформација“, стои во демантот на охридската болница.