Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОхрид ќе стане конзулски град со помош на Унгарија

Охрид ќе стане конзулски град со помош на Унгарија

Јозеф Бенце амбасадорот на Унгарија на средба со охридскиот градоначалник Никола Бакрачевски најави отворање на Конзулат во најголемиот македонски туристички центар. На средбата се потврдија заложбите за одржување на пријателски односи меѓу двете земји, како и меѓу градовите Охрид и Веспрем, а се разговараше и за развој на туризмот и посета на унгарците преку воведување на чартер летови.