HomeДЕНЕШНАРегионОгромна заплена на експлозив и муниција во Краљево

Огромна заплена на експлозив и муниција во Краљево

nebojsa-stefanovic

Српската полиција при претрес на една куќа во градот Краљево заплени 40 килограми експлозив, една рачна бомба и поголемо количество муниција, јави државната Радиотелевизија Србија (РТС). Според истито извор, во полциската акција е приведен 63-годишниот сопственик на куќата.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ информираше дека акцијата била спроведена во текот на вчерашниот ден и дека оружјето и муницијата потекнувале од времето на конфликтите на Балканот во 90-те години на минатиот век.

– Властите нема да толерираат незаконско поседување на оружје и ќе преземат најстроги санкции против оние кои го препродаваат или користат, порача Стефановиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com