HomeДЕНЕШНАПолитикаОгромен број граѓани излегоа на Маршот за слобода

Огромен број граѓани излегоа на Маршот за слобода

Голем број граѓани излегоа на граѓанскиот марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, по повод 11-ти октомври. Насобраните граѓани од пред Специјалното јавно обвинителство тргнаа на маршот кој е најавено дека ќе заврши пред Собранието со обраќања до присутните.
mars-skopje-4
Граѓаните се движат во две колони по двата коловоза на Партизанска. Едната колона предводена од заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска носи плакат на кој пишува „Борбата продолжува“, а другата колона предводена од Заев носи плакат на кој пишува „Гласот победува“. Поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски ја предводи колоната до Заев.
mars-skopje-3
„Ние граѓаните склучивме сојуз. Си го враќаме животот. Ја враќаме слободата. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, ќе маршираме за граѓанскиот глас. Денес, по 75 години од основањето на партизанските одреди, нашето оружје е нашиот глас. Тоа е гласот што вели ДА за живот во Македонија и гласот што вели НЕ за режимот“, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, најавувајќи го маршот.
mars-skopje-2
Булеварот Партизански одреди е затворен за сообраќај, а таму се паркирани автобусите кои пристигнаа од другите делови од Македонија.
mars-skopje-1
mars-skopje

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com