HomeДЕНЕШНАРегионОграничување за возилата во Атина: Од утре ќе се вози пар-непар во центарот на градот

Ограничување за возилата во Атина: Од утре ќе се вози пар-непар во центарот на градот

Ограничувања за возилата кои влегуваат во централниот дел на Атина, влегуваат во сила од утре, 10 октомври, пишува „Катимерини”, повикувајќи се на соопштение на властите.

Возилата со регистарски таблички кои завршуваат со парни броеви можат да влегуваат во центарот на градот на парните датуми во месецот, додека оние чии регистарски таблички завршуваат на непарни броеви имаат право да влегуваат на непарните датуми.

Ограничувањата ќе бидат отстранети на 21 јули 2017 година, прецизираа властите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com