Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОграничено движењето низ шумите во Македонија до 5-ти август

Ограничено движењето низ шумите во Македонија до 5-ти август

Откако Македонија беше зафатена со шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе превентивни мерки. Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси во термин од 7 до 17 часот.

Во шумите можат да се движат само лица кои имаат добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17 до 7 часот дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата

– Ограничувањето не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“ или Националните паркови, се истакнува во соопштението на Министерството.

Од Министерството велат дека лицата кои ќе бидат затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска против вредност. Исто така информираат дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За не почитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност.