Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОграбени Прилепчанки останаа заглавени во Италија

Ограбени Прилепчанки останаа заглавени во Италија

Десет жени од Прилеп, шопингот во Италија скапо ги чинел. Наместо да уживаат во Лидо ди Јeсоло, патувањето се претворило во кошмар. Останале без пасоши во странска држава повеќе од 1500 км далеку од дома. Им остана само главата да си ја „чукаат“ како ќе се вратат во родниот град – пишува порталот Шеталиште.

Исчезнале и нивните патни торбици и се што носеле со себе од облека, козметика, кожни чанти до дигитални апарати, мобилни телефони, кредитни картички, од автобусот кој ги чекал на паркинг додека тие пазареле во маркет. Среќа во несреќа, чантите им биле в раце, па им останало некое евро. Револтирани се и што туристичката агенција која го организирала патувањето по повод 8-ми Март, се уште не сакала да преземе ништо околу немилиот настан. Засега не се знае, кога и како ќе се вратат дома.