Friday, Apr 28, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОграбена црквата „Св. Ѓорги“ во Чаир

Ограбена црквата „Св. Ѓорги“ во Чаир

Вчера во полициската станица „Бит Пазар“, С.П. (52) од Скопје пријавила дека истиот ден во црквата „Св. Ѓорги“ од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил касата и украл околу 4.000 денари. Црквата  „Св. Ѓорги“ во Чаир често е мета на крадци, но и на вандали кои ја нагрдуваат со графити, фрлаат со камења и изрекуваат навредливи зборови за верниците.