Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОграбена редакцијата на Плусинфо

Ограбена редакцијата на Плусинфо

Редакцијата на порталот Плусинфо синоќа после 21.30 часот била обиена од засега непознати лица. Речиси целокупната опрема, која се состои лап-топ компјутери и фотографска опрема е украдена – истакнува порталот.
51
Последна која била присутна во редакцијата синоќа до 21.30 часот била фоторепортерката Елена Героска. Таа се вратила од настанот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ги обработила фотографиите од настанот и потоа си заминала. Утринава, кога Героска дошла на работното место околу 9 часот, забележала дека балконската врата е ширум отворена и неа се забележуваат траги на насилно обивање. По алармирањето на уредниците, настанот веднаш е пријавен во полиција.
19(1)
Освен што се украдени четири лаптопи и еден нетбук, украден е и поголем дел од исклучително скапата фотографска опрема и две видео камери. Интересно е што темелно било претурано по фиоките, а на подот се забележуваат расфрлани службени документи на редакцијата – фактури, проекти, списоци и слично.
38(1)
Редакцијата на Плусинфо се сомнева дека фоторепортерката Героска била следена после синоќешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ и дека сторителите смислено насилно влегле во редакцијата, со цел да нанесат и материјална штета, но и да ги заплашат новинарите. Од редакцијата на Плусинфо повеќе информации најаваија за утрешниот ден.
37(3)