Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОграбена бензинска во кумановско

Ограбена бензинска во кумановско

Бензинска пумпа во кумановското село Проевце е ограбена рано утрово во 4:30 часот при што се украдени пари од дневниот промет, чија сума се уште не е утврдена.

Кражбата ја извршиле четири маскирани лица кои со закана со пиштол од двајцата вработени ги одзеле торбите со дневен промет по што ги затвориле во тоалетот, а пред да избегаат од објектот одзеле и неколку штеки цигари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.