Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОграбена бензинска во Куманово

Ограбена бензинска во Куманово

На 22.10.2015 година околу 03,40 часот, во кумановската населба Вера Которка – Доброшане, ограбена е бензинската станица „Дет Оил“.

Како што денеска соопшти МВР, две непознати маскирани лица со закана со огнено оружје и нож извршиле разбојништво над еден вработен одземајќи сума на пари од околу 10.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.