Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОграбена бензинска станица на патот Струмица-Радовиш

Ограбена бензинска станица на патот Струмица-Радовиш

Две непознати лица рано утрово, околу 02.30 часот извршиле разбојништво во бензинската пумпа „Еуро Петрол“ на магистралниот пат Струмица – Радовиш кај с.Калуѓерица.

Едно од  лицата со безбол палка влегло во објектот на бензинската пумпа и им се заканило на двајцата вработени дека ќе ги нападне, одзело околу 8.000 денари, по што двајцата го напуштиле местото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојниците.