Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОграбена аптека во Радишани

Ограбена аптека во Радишани

Вчера вечер во 21.05 часот во полициска станица во Скопје, вработена во аптека во населба Радишани пријавила дека непознат маскиран сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со нож од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.