Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОграбен стан во Капиштец, крадецот со плен вреден 300.000 денари

Ограбен стан во Капиштец, крадецот со плен вреден 300.000 денари

Непознато лице успеало да провали во стан во Капиштец и да замине со богат плен, информира МВР.

Податоците велат дека вчера на улицата „Васил Ѓоргов“ крадецот употребил погоден алат со што насилно ја отворил влезната врата од станот на А. Ј. Н. (40) и успеал да земе златен накит и пиштоли „Застава“ и „Бровинг“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Полицијата презема мерки за комплетно разрешување на случајот.