Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОграбен минимаркет во Скопје

Ограбен минимаркет во Скопје

Непознато лице, заканувајќи се со огнено оружје, утрово во 4 часот и 30 минути, извршило разбојништво во минимаркетот „Пингвин ММ Компани“  на ул. „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што соопшти полицијата, крадецот од минимаркетот одзел 17.600 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.